Двесте деловни објекти куртулиле казни заради снегот

Градските власти информираат дека во текот на изминатите два дена испратиле 200 опомени до правни лица да го исчистат снегот пред своите деловни објекти.

„До денеска, сите правни лица што беа опоменати, ги исчистиле јавните површни до своите пристапи без притоа да бидат казнети“, информираат од Град Скопје.

Законот за јавна чистота предвидува глоба во износ од 1.000 евра да му се изрече на правното лице сопственик, односно корисник на јавен објект ако не го исчисти снегот од отворениот простор пред јавниот објект. Глоба во износ од 4.000 евра ќе му се изрече за прекршок на правно лице ако не обезбеди редовно и квалитетно одржување на јавна чистота и чистење на снегот на јавни површини во зимски услови.