Дачиќ: Не честитавме, имаме позитивно мислење за договорот

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, изјави дека Србија не и честитала на Македонија за Договорот за решавање на спорот со Грција, бидејќи нема што да се честита, пренесува Бета.

– Не честитавме бидејќи немаме што да честитаме. Имаме позитивно мислење и поддржуваме секаков договор со кој се договара работите да се решат по мирен пат, изјави денеска Дачиќ, прашан дали Србија и честита на Македонија.

Дачиќ, на прес-конференција со неговиот колега од Либерија, рече дека договорот меѓу Атина и Скопје е билатерално прашање и дека Србија нема потреба да се вклучува, бидејќи не е поканета.

– Секако дека сакаме да се реши и посакуваме среќа и на Атина и на Скопје, да не влегуваме во тоа кој како се вика, и тоа да придонесе за стабилноста на регионот, изјави Дачиќ.

Посочи дека сите чекаат крај на процесот околу Договорот меѓу Македонија и Атина.