Гутереш: Заев и Ципрас склучија историски договор

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш преку Твитер го поздрави договорот меѓу Македонија и Грција, нарекувајќи го историски.

– Срдечно им честитам на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев за нивната улога за историскиот договор потпишан вчера во Преспа. Ги охрабрувам двете влади да ја продолжат нивната силна заложба за ратификација и спроведување на договорот. ОН се обврзуваат да ги поддржат нивните напори, напиша Гутреш на Твитер.