Грција во четврток вечер ќе гласа за Северна Македонија

Во среда во 10 часот по локално време започнува расправата во грчкиот Парламент за ратификација на договорот од Преспа. Гласањето ќе биде во четврток вечер, брифираат извори од грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина. Се очекува дека договорот ќе помине, односно дека премиерот Алексис Ципрас има обезбедено мнозинство што се виде и пред некој ден при гласањето за доверба на неговата влада.