Груевски останува пратеник

Поранешниот премиер Никола Груевски останува пратеник во Собранието. На денешната собраниска седница немаше доволно гласови за одземање на неговиот пратенички мандат, поради правосилната затворска казна од две години за случајот „Тенк“.
За одземање на мандатот на Груевски гласаа 58 пратеници, а 29 беа против. Овој биланс од гласањето не е доволен, затоа што за одземање на мандатот е потребно двотретинско мнозинство.
На седницата не присуствуваа пратениците од новата независна пратеничка група, кои соопштија дека се против одземање на мандатот на нивниот поранешен лидер. Во салата не беше присутен ниту Груевски.
Точката за одземање на мандатот на поранешниот премиер беше поместена како прва на дневниот ред и никој од пратениците не се јави за дискусија, така што веднаш се премина на гласање.
СЈО води уште неколку случаи против Груевски. За неколку од нив е покренато обвинение против него и други лица, а дел се во фаза на истрага.
Задржувањето на пратеничкиот мандат, со оглед на тоа што пресудата против Груевски е помала од пет години, не е пречка за тој да да почне да ја издржува затворската казана за случајот со набавката на луксузниот мерцедес. (Г.А.)