Груевски не открива детали од средбата кај Иванов

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски не открива детали од синоќешната средба кај претседателот Ѓорѓе Иванов, на која бил повикан и премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

– Во обид да ги смири тензиите во општеството, што се создадоа со овие политички хајки, претседателот не покани на разговор. На средбата ги повторив ставовите што ги кажав на вчерашната прес-конференција, рече Груевски.

Груевски, исто така, истакна дека се уште немаат одлука дали ќе го напуштат македонското Собрание.