Груевски наскоро треба да добие упатен акт за во затвор

Правосилната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски за случајот Тенк стигна во Кривичниот суд.

Сега пресудата треба да биде распределена кај судија за извршување на санкции кој во наредниот период треба да изготви упатен акт и да им го даде на странките во постапката.

Откако Груевски ќе го прими упатниот акт во рок од осум до 13 дена треба да се јави на издржување на затворската казна од две години. Ако не се јави доброволно ќе биде спроведен во затвор со полиција.

Пресудата е правосилна и стигната во Кривичниот суд и за поранешниот помошник за внатрешни работи Ѓоко Поповски кој е осуден на четири и пол години затвор за набавката на луксузниот Мерцедес.

Тој е во притвор за случајот “триста” за набавката на полициските автомобили.