Граѓаните на референдумот ќе кажат „да“ за Договорот со Грција

СДСМ, како одговорна и државотворна партија заедно со сите политички чинители кои се определени за напредок на Македонија, овозможи последниот збор за Договорот со Грција да го имаат граѓаните. На 30 септември, на демократски и непосреден референдум, граѓаните ќе имаат историска можност директно да одлучуваат за сопствената и за иднината на државата, соопштија од СДСМ.

„Се обединија сите политички партии кои навистина се за ЕУ и НАТО, освен Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ коишто се против интеграција. Се обедниија сите кои се за напредок на Македонија, освен Мицкоски кој сака изолација, стагнација и неизвеснот. Обединети се сите политички и општествени чинители кои се за македонската иднина, освен Мицкоски и највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат назад во темното минато на криминал, насилство и неказнивост. Но, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја закочат и загрозат македонската иднина со нивните антидржавни постапки“, се вели во соопштението.