Градоначалникот на Атина денеска во Скопје

Градоначалникот на Атина Јоргос Каминис на покана на неговиот скопски колега Петре Шилегов, денеска ќе го посети Скопје за да присуствува на дел од настаните што се организираат во рамки на одбележувањето на 55 – годишнината од земјотресот во Скопје.

– Градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис на 22 јуни ќе биде во Скопје, по покана на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за да присуствува на одбележувањето на 55-годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година и одлучувачкиот придонес и на грчки научници и експерти во повторната изградба на градот, соопштија од кабинетот на Каминис.