Генералниот секретар на ОБСЕ ќе се сретне со Димитров и со Џафери

Генералниот секретар на ОБСЕ Томас Гремингер денеска ја продолжува посетата на Македонија. Гремингер ќе има средби со министерот за надворешни работи Никола Димитров и со претседателот на Собранието Талат Џафери, како и со претставници на парламентарните партии.

Министерството за надворешни работи соопшти дека на средбата Димитров и генералниот секретар на ОБСЕ ќе разменат мислења за новата општествена клима во Македонија. Ќе дискутираат и за соработката на Владата со ОБСЕ и поддршката што ја дава ОБСЕ во процесот на европската и евроатлантската интеграција на нашата држава.

Генералниот секретар на ОБСЕ ќе има средби и со претседателот на Собранието Џафери, како и со координаторите на пратеничките групи од СДСМ Томислав Тунтев, на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, на БЕСА Африм Гаши и со претставникот од ДУИ, пратеникот Реџаиљ Исмаили.

Посетата на генералниот секретар Гремингер се совпаѓа со 25-та годишнина од воспоставувањето на Мисијата на ОБСЕ во Скопје