Врнежи од дожд и снег и ноќеска

Врнежите ќе продолжат и во ноќните часови и ќе се преместуваат на исток. На повеќето места ќе врне снег, на пониските места во централните делови ќе бидат мешани од дожд и снег, а на крајниот југоисток од дожд, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето во Македонија е облачно со врнежи претежно од снег, а долж Повардарието главно од дожд или од дожд и снег. Врнежите се поинтензивни особено во јужните делови.

До 19 часот вечерва во Битола наврнале 33 литри дожд на метар квадратен, во Претор 28, во Гевгелија 27, Демир Капија 17, итн. На Попова Шапка и Маврово има 18 сантиметри снег, во Маврово и Претор по 16, Тополчани 15, Битола 11, итн.

Утре се очекува престанок на врнежите и краткотрајно разведрување, а нов влажен и потопол бран со врнежи претежно од дожд ќе има во вторник што ќе бидат пообилни врнежи во западните делови на земјата.