Вранишковски го доби спорот во Стразбур

СТРАЗБУР – Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесе одлука во корист на Православната охридска архиепископија за нејзината тужба против државата Македонија, поради одбивањето на надлежните органи во Скопје да ја регистрираат како посебна верска заедница . Со одлуката се налага исто така Македонија да и исплати оштета, јавува Танјуг.

На сајтот на Српската православна црква беше објавено дека во пресудата изречена на 16 ноември било констатирано дека Македонија го прекршила членот 11 за слобода на собирање и здружување во врска со членот 9 (слобода на мисла, совест и религија ) од Европската конвенција за човекови права. Одлуката, како што се објаснува, произлегла од одбивањето на властите да ја регистрираат Православната охридска архиепископија како посебна верска заедница “.
Православната охридска архиепископија од страна на соседна Србија се смета како посебна црква во рамките на СПЦ од каде што порачуваат дека таа е единствена призната црква во нашата земја, бидејќи СПЦ не ја признава МПЦ.