Во Собранието ќе се гласа за потребата од Закон за јазици

Пратениците во Собранието денеска напладне треба да гласа за потребата од Предлог – закон за употреба на јазиците. Потоа тој ќе влезе во втора фаза во која можат да се поднесуваат амандмани на текстот.

Според Деловникот, дискусијата во комисијата ќе трае три дена, а потоа оди на пленарна седница.

Од опозицијата најавуваат дека во втората фаза ќе предложат амандмани за корегирање на ова решение и негово усогласување со Уставот на државата.

Законот се усвојува со просто мнозинство, односно со кворум од 61 пратеник, а од нив треба да гласаат 41 пратеник, плус Бадентер, односно да гласа и мнозинство од претставниците на малцинствата.