Во ноември 75,4 отсто од потрошената струја од домашно производство

Македонија лани во ноември вкупно потрошила 669.176 мегават часови електрична енергија, 36.546 милиони нормални метри кубни природен гас, 439.293 тони јаглен и 88.048 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика (МАКСТАТ), 75,4 отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 96,7 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на струја