Во Македонија ќе се гради првата приватна ветерна електрана

Владата на денешната 46. седница ја разгледа и усвои информацијата во врска со поднесеното барање на „Тхор импекс“ за издавање на овластување за изградба на ветерна електрана „Богословец“.

На владината седница беше донесена одлука за одобрување за изградба на оваа ветерна електрана.

Тоа ќе биде прва електрана од ваков тип во приватна сопственост.