Во Македонија лани работеле 115 телевизии и радија

Јавниот радиодифузен сервис МРТ лани емитувал 23.729 часа телевизиска програма, од кои најголем дел или 42,1 процент се документарна и музичка програма, а приватните телевизии 395.190 часа, во најголем дел или 22,7 проценти играна програма, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Со радиодифузна дејност лани во Македонија се занимавале 115 радиодифузери, од кои 64 емитуваат радиопрограма, а 51 телевизиска програма.

Од радиодифузерите еден е јавно радиодифузно претпријатие, 60 се трговски радиодифузни друштва, а три се непрофитни радиодифузни установи. Јавното радиодифузно претпријатие лани емитувало вкупно 38.020 часа програма, од кои најголем дел или 56,3 проценти се музичка, трговските радиодифузни друштва емитувале 461.283 часа радиопрограма, исто така, во најголем дел, 60,9 проценти, музичка програма.