Во Кичево поставен првиот полнач за електрични автомобили

Во Кичево деновиве е поставен првиот полнач за електрични автомобили, донација на ЕВН, со можност за истовремено полнење на две возила.

– Во моментов во Кичево има повеќе мопеди, инвалидски колички и неколку автомобили кои се движат на електричен погон, но како ќе одминува времето и ќе се види полезноста и заштедата од ваквите автомобили, нивниот број секако ќе расте. Ако во иднина се исталираат и нови полначи за автомобили, препорачливо е тие да бидат поставени на други локации на периферијата на градот, за да не мораат нивните корисници дополнително да трошат и губат време, вели Емин Насуфи, задолжен за односите со јавноста во општина Кичево.
Според него, присуството на електричните автомобили во градот е добра вест, бидејќи аерозагадувањето ќе биде се помало, а тоа ќе помогне да има почист воздух, иако главниот загадувач доаѓа од затоплувањето на домовите.
Кичево особено во зимскиот период спаѓа во најзагадените градови во земјата, потсетува Насуфи.