(ВО ЖИВО) Почна протестот против Преспанскиот договор во Атина, инциденти уште на почетокот

Започна протестот во Атина против ратификацијата на договорот од Преспа. Инциденти се случија пред грчкиот парламент, јави дописникот на МИА од Атина.

Група маскирани лица со грчки знамиња веројатно припадници на екстремно десничарски групи се обидоа да го пробијат полицискиот кордон кај Споменикот на незнајниот јунак пред грчкиот Парламент.

Тие, како што јави дописникот на МИА од Атина, со предмети, шишиња и пиротехнички материјали ја нападнаа полицијата, која одговори со шок бомби и солзавец. Кон полицијата беа фрлани и бои.