Во Берово и Лазарополе измерени -8 степени, во Гевгелија најтопло

Во Берово и Лазарополе утрово се измерени минимални минус осум степени, а максимални два е во Гевгелија и Дојран.
Според УХМР, минус седум е во Маврово, минус шест во Крива Паланка и Скопје Петровец, минус пет во Штип, Битола, Претор и Куманово, минус четири во Пожаране, Тетово, Крушево, Скопје Зајчев Рид, Прилеп, Струмица, Охрид и Демир Капија, минус три е во Виница, додека минус два степена е воТополчани и Ѓуриште.
Висината на снежната покривка во Крушево е два сантиметра.
Утрово е ведро и студено со мала до умерена локална облачност. Дува слаб ветер од северозападен правец, особено на повисоките места и планините.
Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од западен и северозападен правец.Температура ќе се движи од шест до 12 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, слаб ветер од северозападен правец и температура до 8 степени.
За време на Новогодишната ноќ ќе биде стабилно и суво. До понеделник утрата ќе бидат студени а дневните температури во благ пораст, во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Од понеделник попладне облачноста ќе се зголемува, а во вторник ќе има повремени врнежи од дожд проследени со засилен јужен ветер. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.