„Волшебниот компас“ од Сашо Огненовски преведена на српски јазик

Книгата со детски пиеси „Чаробни компас“ (Волшебниот компас) од Сашо Огненовски неодмана излезе од печат, издадена од издавачката куќа „Алма“ од Белград.

Во книгата се поместени пет детски пиеси, „Новогодишни забуни“, „Новогодишна вртелешка“, „Обична бајка“, „Новогодишен споменар“ и „Волшебниот компас“.
Пиесите беа поставувани на сцената на Битолскиот театар, а беа изведувани и како независни проекти. Македонската верзија е издадена во две книги во 2002 и 2011 година како независни изданија.

Сашо Огненовски е актер и писател. Досега издал три книги поезија, две пиеси за возрасни и две книги пиеси за деца. Ова е прв превод на негови пиеси на српски јазик. Промоцијата на српскиот превод е планирана за почетокот на април во Белград.”

Огненовски е роден 1964 година во Битола. Во 1987 година дипломира на Факултетот за Драмски уметности во Скопје, на отсекот за Драмски актери. Во 2002 година магистрира на Институтот за Социолошки и Политичко-Правни Истражувања во Скопје на отсекот за Комуникации и медиуми, а во 2017 година докторира на Институтот за комуникации и медиуми при правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Работел како актер во Народниот театар од Битола и како Стручен соработник на Педгошкиот факултет во Битола, а и како професор на Славјанскиот Универзитет.

Досега ги објавил книгите поезија „Лавина“ (1995), „Плодовите на пеколот“, (2104) и „Пустински цвет“ (2015), книгите пиеси за деца „Обична бајка“ (2002) и „Волшебниот компас“ (2011), монографијата „Ацо Ѓорчев – актерска легенда“ и книгата со драми „Тврдина“ (2016) која неодамна излезе од печат и на англиски јазик. Преведувал од англиски и српски јазик, а неговите книги се исто така преведувани на српски и анлиски јазик.