Внимателно возете, дел од коловозите се влажни

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. На осојните места поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност од појава на голомразица.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.