ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира на 3 декември

ВМРО-ДПМНЕ најавува граѓански протест за, како што велат од партијата, правда и правдина, кој ќе се одржи следната недела – на 3 декември во Скопје.

Според пратеникот Владимир Ѓорчев, одлуката за пуштање на Едмонд Темелко во кужен притвор е донесена откако ВМРО-ДПМНе најави протести за вечерва, кои сега се одложени за следната недела.

– Шеесет дена наназад Едмонд Темелко беше осуден на притвор. Тоа се 60 долги денови во кои што се вршеше тортура врз него затоа што станува збор за активист за човекови права, борец за македонските интереси. Единствен градоначалник надвор од територијата на Македонија, единствен градоначалник Македонец. Во таа атмосфера на страв на Едмонд Темелко ден по ден, рочиште по рочиште му беше продолжувано мерката притвор, изјави Ѓорчев на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој обвини дека со новата влада ситуацијата во Македонија се вратила како во 1995 година кога царувала мафијата.

„Продолжува и борбата за слобода на заробената држава Македонија во која царува мафијата, во којалуѓе секојдневно се убиваат, во која што цели бизниси се рекетираат, во која што автомобилите секојдневно се палат“, рече Ѓорчев, посочувајжи дека тоа се причините за најавениот протест.