ВМРО-ДПМНЕ ќе го ажурира членството и ќе распише оглас за членови и претседатели на партиските комисии

ВМРО-ДПМНЕ ќе распише оглас за членови и претседатели на партиските комисии и ќе го ажурира членството.

Во таа насока, на последната седница на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донесе одлука за распишување на Јавен Повик: За интерес за кандидирање за членови на Републичките Комисии на ВМРО-ДПМНЕ. Повикот ќе трае до 15-ти декември 2018 година.

Втората одлука која се донесе на последната седница на Централниот Комитет е таа за спроведување на ажурирање на членството во партијата. Ажурирањето ќе започне од 01.12 и ќе трае 3 месеци.

Генералниот секретар на партијата Игор Јанушев ги отфрли наводите дека промените се прават заради неодамнешните случувања, разрешувањата и исклучувањата на  партиските функционери.

Јанушев најави дека партијата има нови членски книшки со модерен изглед.

-ВМРО-ДПМНЕ останува со народот и ќе работи за народот. ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка сила која ќе ја порази оваа неспособна власт. Затоа ги отвораме вратите за способните, мотивираните и оние кои сакаат да дадат свој придонес за рушењето на оваа власт и нормализирање и градење на оваа држава. Македонија мора да ја изградиме во нормална, напредна земја на сите граѓани- истакна Јанушев.