ВМРО-ДПМНЕ ја „окупира“ говорницата во Советот на Скопје

Облечени во маици со натпис „И јас сум теророст“, советниците на ВМРО ДПМНЕ во град Скопје ја напуштија вчера седницата на Советот.

Солидаризирајќи се со, како што рекоа, „терористите“ кои се во притвор поради настаните во парламентот на 27 април, опозициските советници ја зазедоа говорницата во градското Собрание, пред да почне расправата за буџетот за наредната година.

„И ние, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, го дигаме својот глас против овој терор и неправда, против тоа нечесни и невини луѓе да гнијат во притвор повеќе од 20 дена како жртви на политичка одмазда за монтирано најтешко кривично дело и во знак на протест ја напуштаме седницата на Советот на град Скопје.
Тие луѓе се жртви на одмазда и не се виновни за ништо. Бараме сите притворени веднаш да бидат пуштени на слобода“, рече советникот Михајло Маневски.