ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ бараше посебни привилегии за пратениците

СДСМ самите ја иницираа темата за посебни повластици на пратениците, но кога се соочија со револтот на јавноста и граѓаните почнаа да ретерираат и да си ја ишкаат мувата од капата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо да работат во интерес на граѓаните, тие отвораат теми со цел да ја манипулираат јавноста и да дефокусираат од суштинските проблеми кои ги мачат граѓаните како и од погрешните и штетни политики кои како Влада ги водат. Тоа што Заев и СДСМ отвораат вакви теми креираат магла со која потоа манипулираат и бараат начин како да ја покријат својата неспособност, немањето капацитет и неработењето. Правата и одговорностите на пратениците се доволно добро уредени. Унапредувањето на нивните бенефиции не само што нема да го подобри животот на граѓаните, туку напротив ќе предизвикаат дополнителни буџетски импликации“, велат од опозициската ДПМНЕ.