ВМРО-ДПМНЕ: „Кацарска судството“ работи под диктат на Заев

Почесниот Претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски е жртва на политички прогон и хајка која што однародената и криминална власт ја води против него преку партиското и клиентелистичко судство и обвинителството, реагираат од партијта на Груевски, откако судот му ги одби сите жалби за одложување на казната и тој мора да се јави во затворот во Шутка.

„Кацарска судството” работи под директен диктат на Зоран Заев, човек аболициран за тежок криминал. “Кацарска судството” е срам за правдата и правдината. “Кацарска судството” ја влече Македонија се подалеку од демократскиот свет каде што судот одлучува врз основа на факти и докази. Поранешниот премиер Груевски не сторил никакво дело. Аболицираниот Заев го клеветеше дека наводно крадел милијарди, а неговото “Кацарска судство” го осуди затоа што неколку пати влегол во службено возило, кое се уште го користи криминалната власт“, се вели во дел од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.