ВМРО-ДПМНЕ и вечерва на протести

Приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ протестираа вечерва пред Кривичниот суд во Скопје, откако претходно блокираа повторно неколку крстосници во главниот град.

На вечерашниот протест зборуваше Оливер Андонов, кој оцени дека се апсат луѓето кои си ја сакаат Македонија. Тој рече дека ако Митко Чавков сакал да направи државен удар, тоа ќе го сторел за време на „Шарената револуција“.

На протестот присуствуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, како и дел функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата почна да протестира по приведувањето на 36 лица за насилствата во Собранието од 27 април.