ВМРО – ДПМНЕ: Зад нападот на штабот стои сценарио диригирано од Заев

На вчерашниот инцидент му претходела една средба пред неколку дена во едно познато скопско кафуле на која присуствувал еден градоначалник од редовите на СДСМ, еден многу близок вработен во кабинетот на друг градоначалник и неколкумина лица со дебело полициско досие.Според нашите неофицијални информации тие лица биле убедувани да се инфилтрираат на протестите за името и да предизвикуваат насилство за кое подоцна ќе се обвини ВМРО-ДПМНЕ се со цел да се прикаже за неконструктивна, насилна и да се деградира нашата борба против штетниот договор кој што го потпиша Зоран Заев во Преспа.

Ова го рече портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ , Димче Арсовски, на денешната прес конференција. Според партијата, заед боењето на партискиот штаб стои власта.

–  За само 48 часа од оваа средба беше нападнат штабот на ВМРО-ДПМНЕ во стилот и со методи на шарената револуција на СДСМ.Зад се тоа ова стои поголемо сценарио диригирано директно од Зоран Заев.Стануваме држава која насилство се спроведува од власта и власта се пресметува со опозицијата.Ова е за секаква осуда, но и ваквото насилство покажува дека власта и Зоран Заев се во паника затоа што знаат дека економскиот и политички пустош што го прави владата, народот не го одобрува.Заев е спремен и подготвен со сила и туѓи и невини жртви да ја брани власта и своите капитулантски одлуки – рече Арсовски.