ВМРО-ДПМНЕ: Се е исто, само го нема Груевски и жолтите комбиња

Со вчерашната изјава на министерот Спасовски дека „зад пропагандата против ЕУ и НАТО стои мала криминална структура” уште еднаш јавно потврди дека оваа влада по ништо не се разликува од владата на Никола Груевски, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ.
„Се е исто, само го нема Груевски и жолтите комбиња. Но, затоа тука се персони како Спасовси кои се спремни да продолжат онаму каде што застана монструозната пропагандата и дејствување на поранешниот премиер. По оваа изјава на Спасовски неговиот лик и дело потсетува на времето на владеењето на најголемите диктатури. Се работи за јавно лично и партиско бламирање и тоа е јасен доказ за немањето на демократски капацитет на оваа влада чиј член е тој“, соопштија од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека оваа изјава е во потполна спротивност на изјавата на премиерот Заев и ставот на Владата за почитување на поинаквиот став на граѓаните по однос на „понижувачкиот и неуставен договор од Преспа“.