ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира и ќе блокира крстосници

ВМРО-ДПМНЕ најави дека денеска во 18 часот ќе протестира пред Министерството за правда и ќе селдуваат обраќања до присутните.

„На удар е слободномислечкиот Македонец, СДС се пресметува со сите оние кои се грижат и на кој Македонија им е значајна. Во 21 век имаме брутален политички прогон. Македонија е единственото место во светот каде оперски пејач, режисер, актер, архитект, доктор, и други десетици патриоти треба да одговараат за измислено дело тероризам. Целата оваа хајка е обид да се замолкне опозицијата и да се скрши отпорот против сите антидржавни политики, кои власта ги реализираше во изминатиов период. Во ист момент кога се изготвува закон за ослободување на над 1.000 затвореници, сторители на тешки кривични дела, кога се најавува ослободување на убијците од Смилковско езеро и кога убијци се шетаат слободни по улиците, власта обвинува за наводен тероризам, уметници, режисери, актери, архитекти и лекари“. се вели во нивното соопштение.

Тие најавија дека ќе ги блокираат следните крстосници во период од 15 – 17 часот, крстосницата кај Мавровка, крстосницата кај Порта Влае, крстосницата помеѓу Бул. Јане Сандански и Бул. Србија во населбата Ново Лисиче и крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.