ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев ги има прислушуваните разговори на обвинителите?

Дали Зоран Заев ги има нелегалните прислушувани разговори од јавните обвинители? Кој се ги има нелегалните прислушувани разговори од обвинителите?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, „очигледно е дека јавните обвинители, обвинителството, судовите, судиите кои соработувале меѓу институционално биле предмет на надзор, а подоцна и контрола на Зоран Заев“.

-Главното прашање на кое се уште не добивме одговор е дали било кој од овие разговори биле предмет за уцени врз јавни обвинители и судии? Граѓаните очекуваат Заев да им ги разјасни сите овие работи во кои е вмешана оваа криминогена влада на СДСМ, но исто така во исто време чекаат и оставки и одговорност и тоа веднаш, се вели во партиското соопштение.