ВМРО-ДПМНЕ го напушта парламентот, Договорот може да биде ратификуван уште вечерва

ВМРО-ДПМНЕ го напушта парламентот соопштија пред малку од пратеничката група на партијата.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека партиските органи дополнително ќе донесат одлука кога ќе се вратат на работа во собранието, односно дали бојкотот ќе биде само за седницата на која треба да се ратифкува Договорот со Грција.

Со оглед на тоа што опозицијата нема да присуствува на расправата за Договорот, проценките се дека може тој да биде усвоен уште вечерва или евентуално утре.

Во 15 часот ќе почне седницата на Комисијата за европски прашања која треба да го разгледува Договорот кој беше пуштен во парламетнтот со европско знаме.

После расправата во Комисијата,  Договорот ќе оди на пленарна седница.