ВМРО ДПМНЕ вечерва има состанок на Извршниот комитет

Во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ вечерва заседава Извршниот комитет на партијата. Ќе се расправа  за настапот на партијата на Конгресот на ЕПП во Хелсинки на кој, покрај делегацијата предводена од лидерот Христијан Мицкоски, присуствуваа и разрешените членови на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, Петар Богојевски и Емилија Александрова.

Една од темите на седницата ќе биде и актуелната ситуација со експремиерот Никола Груевски, кој треба да се пријави на издржување на 2-годишната затворска казна за случајот „Тенк“.