Влада на РМ:Одбивањето на алатката за транспареност од Иванов е несериозен пристап

Одбивањето на предлогот за користење на алатката за транспарентност и отчетност од страна на Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов даден од Владата на Република Македонија претставува несериозен пристап и е на директна штета на демократските принципи за транспарентно и отчетно владеење и на интересот на граѓаните кои треба да знаат како и за кои цели се трошат нивните пари,се вели во соопштението на Владата на РМ.

„Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски ја упати оваа иницијатива до институцијата Претседател на Република Македонија со цел да им се овозможи на граѓаните едноставен пристап до база на податоци кадешто ќе имаат увид во вкупните трошоци на избраните функционери и целите заради коишто се направени истите. Согласно одлуката на Владата на Република Македонија трошоците на избраните функционери се објавуваат на секои шест месеци и во тек е прибирање на податоците за периодот од декември 2017 заклучно со мај 2018. Заложбата на Владата на Република Македонија за целосна транспарентност, отчетност и одговорност на носителите на јавни функции ќе придонесе тие вистински да работат во служба на граѓаните и ќе помогне во справувањето со корупцијата и останатите неправилности во работењето на институциите. Изразуваме жалење што Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов не ја разбира важноста на оваа иницијатива и не покажува разбирање за потребата на граѓаните од транспарентно и отчетно работење на државните институции вклучувајќи ја и институцијата Претседател на Република Македонија“, стои во соопштението на Владата.