Владата ја усвои Стратегијата за развој на културата: Реформи ќе има во повеќе сегменти

Владата на Р.Македонија ја усвои Стратегијата за развој на културата за 2018-2022 година и акцискиот план со кој практично го отвораме процесот на темелни реформи, преструктуирање и обвона на културниот систем.

Ова денеска го соопшти министерот за култура Роберт Алаѓозовски по донесената одлукана владината седница.

Според него, со оваа стратегија ќе се оживотвори визијата за градење едно општество на сите, децентрализација и деметрополизација накултурата и пристап до неа за сите граѓани.

– Изменивме четири закони, го запревме пропаѓањето на културното наследство, ги оневозможивме клиентелистичките привилегии и стопиравме да се одлеваат пари за проектот „Скопје 2014“. Подготвивме буџет и спроведуваме активности сок ои ги враќаме долговите за да спречиме огромни камати. Ги санираме објектите на културата и овозможуваме проекти на голем број актери во културата. Годинава отвораме процеси за преструктирање на системот во кој го очекуваме учеството на јавноста и на сите заинтересирани – рече Алаѓозовски.

Во однос на конкретните зафати за реформи во културниот сектор, клучните сегменти од акцискиот план се однесуваат на децентрализација на културата, реформа на системот на финансирање, реформи во филмска дејност и измени и дополнувања во Законот за библиотеќна дејнсот.

Во првата точка ќе се даде поддршка на општините да основаат нови културни установи или да го зголемат бројот на институции под нивна надлежност. Во соработка со Министерството за локална самоуправа и Министерството за финансии, ќе се засилат активностите за создавање фискални услови и зголемување на парите што ги добиваат општините преку блок дотациите за култура.

– Заштита на културното наследство и музеите,по долгогодишна негрижа, е наш врвен програмски приоритет. Ќе се спроведе ревизија на состојбите во установите и во Управата за заштита на културното наследство. Ќе се изработи стратегија за заштита и подготовка на нов закон за заштита на културното наследство. Во 2018-та ќе спроведеме и ревизија и бришење од регистарот на сите незаконски запишани споменици и објекти од т.н. проект „Скопје 2014“, кои по својата природа не можат да претставуваат културно наследство. Ќе се подготви листа на споменици од национално значење, Национален акциски план за превенција на криминал со културното наследство, како и надградба на постојниот информациски систем и соодветно одржување на Националниот регистер на културно наследство. Во музејската дејност, ќе спроведеме измени на Законот за музеите и подготовка на неопходните подзаконски акти. За првпат спроведовме конкурс за мултидисциплинарните проекти. Годинава ќе се работи на основање на одделение за развој и финансирање на современи независни интермедијални и интередисциплинарни културни и уметнички практики. Кај самостојните уметници, ќе се изврши ревизија на доделениот статус на самостоен уметник, либерализација на условите и постапките и стимулирање на поголем број самостојни уметници како суштински придонес во поддршката на уметничкото творештво – рече Алаѓозовски.

Во реформирањето на системот на финансирање значи дека Националните установи ќе добиваат резервиран буџет, врз основа на стратешки план за период од три години.

– Програмите ќе ги утврдуваат самите, залагајќи се за вкоренетост во локалните заедници чии културни потреби ги задоволуваат. Развојот на публика останува врвен критериум. Програмите ќе ги носат програмските совети и Управните одбори, а Министерството ќе ги преиспитува од аспект на усогласеност со културните политики. Ќе се применуваат комбинирани и специјални повици, еднократни и со променливи датуми, за краткотрајни но и подолгорочни проекти што имаат потреба од повеќегодишно финансирање, особено за пресретнување на проектите што добиле европска поддршка – информираше Алаѓозовски.

За реформите во филмската дејснот министерот најави преиспитување на законското решение за финансирање на Агенцијата за филм, со цел да се дојде до праведно решение за сите засегнати страни. Ќе се спроведе ревизија на досегашните финансирани проекти, исполнувањето на договорените обврски на филмските продуценти, почитувањето на роковите, буџетите и квалитетот на филмовите. Ќе се подготви стратегија за развој на филмската дејност, што е обврска од Законот за филмска дејност.

Во библиотечната дејност, се предвидуваат измени и дополнувања на Законот за библиотеките и подготвување подзаконски акти од областа, во Законот за издавачка дејност (во делот што се однесува на библиотеките), како и дополнувања на Националната класификација на културното наследство.

– Ни претстои санирање на состојбите во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, а ќе обезбедиме поддршка за дигитализацијата на библиотечните фондови и нивна имплементација во базите на светските дигитални центри и асоцијации, како и за континуираната професионална едукација на библиотечниот кадар – рече Алаѓозовски.