Владата донесе итни мерки против загадувањето на воздухот

Владата на седница донесе итни мерки против загадувањето на воздухот, кои стапуваат во сила од денеска, а ја разгледува и можноста за интервентна набавка на опрема за лична заштита од загадениот воздух, маски со филтри за прочистување, како и за набавака за прочистувачи на воздухсот за училиштата, здравствените центри и градинките, соопшти владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Се препорачува да се ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лица со хронична астма, лица со прележан инфракт или мозочен удар без разлика на возраста. Да се реорганизира работното време за оние кои работат на отворено од 11 до 17 часот, забрана за одржување спортски натпревари и други манифестации на отворено и обезбедување услови за зголемена активност на брзата помош, домашната помош и патронажната служба.

Општините се задолжуваат да ја намалат цената на билетот на градскиот превоз во периодот на неповолни климатски услови што би било поттик на граѓаните за користење на јавниот превоз, да овозможат бесплатен јавен превоз, зголемена фреквенција на автобусите на ЈСП, дневно да ги чистат улиците и пешачките површини, да ги зголемат инспекциските контроли на градилиштата, на ракувачите со отпадни масла и сервисите што работат на промена на масла, автошколите да ги реализираат обуките во период од 9:30 до 14:30 и по 18 часот, како и дотур на стока во забранети зони да се врши до 7:30 часот.

На градежните компании им се наложува да користат вода за намалување на прашината, односно прскање, миење на гумите на камионите пред градилиштата, а градежните машини да ги пренесат до градилиштата до 7:30 часот наутро.

Државниот инспекторат за животна средина да изврши ограничување на емисиите од Б-интегрираните дозволи и помалите стопански капацитети и да вршат зачестена контрола на инсталации кои поседуваат А-интегрирана дозвола. Потоа да спроведе мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуват пропишаните услови во дозволата по однос на емисиите во воздухот, а истите ќе добијат препорака да го намалат производоството на 50 проценти.

Министерството за внатрешни работи да ја активира и да ја спроведе одлуката и контролата на веќе воведениот сообраќаен режим за тешки товарни возила чија крајна дестинација не е Скопје, односно да ја користат обиколницата.

Органите на државната управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатија и АД во државна сопстрвеност, како и општините да ја ограничат до 50 проценти употребата на службените возила и да обезбедат ограничување на работите на објектите каде што се гради.

Мерките, согласно усвоената уредба, стапуваат во сила доколку среднодневната концентрација на ПМ10 честичките се во текот на два последователни дена над 200 микрограми измерени на најмалку две мерни станици. Досега мерките се преземаа доколу се надминуваа праговите пет последователни денови.