Владата бара пилоти за Дирекцијата за заштита и спасување

Владата денеска разгледала и усвоила информација за потреба на прием во редовен работен однос на пилоти во Дирекцијата за заштита и спасување на Македонија. Во таа насока, како што е соопштено, е донесен заклучок со кој се задолжуваат министерствата за одбрана, за внатрешни работи, за финансии и Дирекцијата за заштита и спасување за навремено изнаоѓање решение за потребата од ангажирање на пилоти.

Министрите ја разгледале и информацијата за зголемување на придонесот на Македонија во мисијата на НАТО во Авганистан „Одлучна поддршка 2018“, за што е оценето дека е постигнат значаен придонес во интензивирањето на активностите поврзани со напорите за полноправно членство на земјата во НАТО.