„ВИП мигрантот“ Груевски виси на унгарскиот Парламент

Опозициска мобилизација во Унгарија. Опозиционерите се погласни во своите барања, премиерот Виктор Орбан да објасни зошто засолнува криминалци од други држави. Бурната собраниска расправа се преслика и на ѕидовите на парламентот кога беше истакнат плакат со ликот на Груевски на кој пишува ВИП мигрант на Орбан.

Вака унгарската опозиција го нарече Груевски во интервју за 1ТВ, а денеска Демократската коалиција не информираше дека поставиле вакви плакати на Парламентот. Претставникот на Демократската коалиција на расправата истакна дека е време Орбан да каже зошто води ВИП мигрантска политика и дека Орбан со ваквите постапки криумчари луѓе.

Постапката за азил на бегалецот Груевски се уште е во тек.