(ВИДЕО) Ѓорчев се закани: Тој што ќе го чепне Музејот на ВМРО, ќе се најде во поставката

Кој ќе се осмели да го затвори Музејот на ВМРО, во иднина ќе се најде во една од неговите поставки, се закани денеска од собраниската говорница пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев.

На седницата за пратенички прашања, Ѓорчев упати прашање до министерот за култура Асаф Адеми околу работната група формирана од Министерството за култура која ја преиспитуваше оправданоста на постоењето на овој музеј.

Незадоволен од одговорот на министерот, Ѓорчев му посочи дека тој како етнички Албанец има посебна одговорност да не дозволи да се затвори Музејот и да не бидат отстранувани дела од сегашната поставка.