(ВИДЕО) Пратеникот Љубен Арнаудов: Изјава ќе дадам за 50 евра

Пратеникот Љубен Арнаудов, обвинет за насилствата во Собранието на 27 април минатата година, пред почетокот на денешното рочиште рече дека ќе даде изјава за медиумите за 50 евра.

Обвинетиот Горан Ѓошевски – Леви, пак, рече дека сè уште не го видел Законот за амнестија, дека има различни толкувања од медиумите и дека ќе треба да се консултира со неговиот бранител за тоа дали ќе побара амнестија.

Останатите обвинети не сакаа да одговараат на новинарските прашања и тивко влегоа во судот.