(ВИДЕО) Заев по вечерата со Бутарис: Убаво се чувствувам во Солун, посакувам среќа на целиот грчки народ

Македонскиот премиер Зоран Заев и градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис не разговарале за спорот со името, ниту за други политички теми. По завршувањето на вечерата во изјава за грчките медиуми велат дека ова е приватна средба и дека во иднина повторно ќе се сретнат.


– За мене беше големо задоволство што имав вечера со градоначалникот на Солун и неговиот кабинет. Јас исто така сакам да ја искористам можноста да им посакам среќна Нова година на сите граѓани на Грција и на граѓаните на Солун. Секогаш ми е задоволство да бидам тука, рече македонскиот премиер на излегувањето од солунскиот ресторан.

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис рече дека не разговарале за политчки теми и дека вечерата е од приватен карактер.
– Имавме многу убава вечера со господинот Заев. Вечерата беше чисто од приватна природа затоа што не поврзува приватен однос и се надевам дека набргу ќе дојде повторно – рече Бутарис по завршувањето на вечерата.