Вајгл: Пратениците што гласаа „за“ ги заштитија виталните интереси на граѓаните

Известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Иво Вајгл, го поздрави единството на македонското Собрание кое го отвора патот кон ЕУ и НАТО.

Вајгл истакна дека несомнено патот до одлуката на членовите на Собранието беше „драматична“ и „тесна“, но дека со неа пратениците ги „заштитија виталните интересите на граѓаните на Македонија“.

– Посебно признание оди за претставниците од опозицијата кои преземаа одговорност и кои, покрај притисоците и заканите на нивната партија, ја поддржаа европската и евроатлантската иднина на својата држава, напиша Вајгл.

Известувачот потсетува дека пет години по ред ја поддржува Македонија и смета дека како земја членка на ЕУ таа ќе придонесе за стабилноста на југоисточна Европа.

– Во следните недели и месеци ќе биде важно полиитчките лидери во Македонија одлучно да тргнат по патот на помирувањето, и интересите на партиите да и се подредат на заедничката цел – членство во евроатлантските сојузи.