Бујар Османи ќе биде шеф на преговарачкиот тим со ЕУ

Вицепремиерот Бујар Османи е назначен за шеф на делегацијата и главен преговарач за Европската Унија, соопшти утрово премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со еврокомесарот, Јоханес Хан, по тематската владина седница посветена на скрининг процесот за почеток на преговорите со ЕУ.

-Владата го назначи Бујар Османи за главен преговарач за ЕУ, за негов заменик ќе биде сегашниот посебен советник за евроатлански интеграции во мојот кабинет, Бојан Маричиќ. Владата го задолжи и министерот за надворешни работи да подготви информација со предлог на концепт за преговарачката структура и истиот да гo достави за усвојување во Владата – рече Заев.