Бушамауи и Ружин на средба со Ципрас во Атина

Добитничката на Нобеловата награда за мир за 2015 година Уидидед Бушамауи, придружувана од пратеникот во Европскиот парламент од Грција Стелиос Кулуглу, како и од ректорот на Универзитетот ФОН во Скопје, Нано Ружин, денеска се сретна во Атина со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Повод за средбата е номинацијата на грчкиот премиер Ципрас и на неговиот македонски колега Зоран Заев за Нобеловата награда за мир за 2019 година, откако го потпишаа Преспанскиот договор.

Вчера, Бушамауи беше во Скопје, каде што на Универзитетот ФОН исто така ја промовираше иницијативата двајцата премиери да ја добијат Нобеловата награда затоа што успејаа да го решат долгогодишниот спор за името.