Би-Би-Си се враќа на Балканот

Британската новинска куќа Би-Би-Си се враќа на Балканот. Како што се дознава, од април идната година Би-Би-Си ќе отвори портал на српски јазик, со можност во иднина да се прошири и на други јазици.

Отворањето на српскиот портал е де од проектот за медиумско враќање на Велика Британија во регионот,  во пресрет на најавеното излегување на оваа земја од Европската унија во 2019 година. Во Лондон се прави анализа за потребата и за формата на медиумско присуство на оваа земја во регионот, кое треба и да биде помош во засилувањето на слободата на медиумите во регионот.