Антонио Милошоски чека четврто дете, сопругата повторно бремена

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски се пофали на својот Фејсбук профил дека неговата сопруга е повторно бремена.

Тој напиша дека Дариа, Давид и Михаела наскоро ќе добијат сестричка.

– Прекрасна вест, за радосна година: пак сме трудни. Давид, Дариа и Михаела ќе добијат уште една сестричка, а мама и тато уште една принцеза, здравје Боже околу Нова Година! Пожелувам на секого, повеќе веселби, за мекици и роденденски торти! – напиша Милошоски.