Антонио Милошоски нема да оди на конгресот

Нема да одам на Конгресот во Валандоново, изјави за тв 24 Антонио Милошоски. Извесно е дека дел од делегатите нема да бидат ниту Илија Димовски и  Борис Змејковски, како и дел од останатите потписници на иницијативата за одлагање на Конкресот.

Милошоски не се појави ниту на синоќешниот состанок на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на кој ниту збор немало околу иницијативата за одлагање на Конгресот, а пред завчерашниот ИК на кој се отфрли барањето порача дека не треба да се дозволи партијата да избере лидер што ќе биде марионета.