Антиќ не се враќа во репрезентацијата

Перо Антиќ уште еднаш демантира дека се враќа во националниот тим за престојните квалификации за ЕП во Шведска. По високиот пораз на неговата Црвена Звезда на гостувањето кај Олимпијакос, тој изјави дека се репрезентацијата се простил кога наполнил 30 години и оти неговото ставање на списокот било оти „некој сакал да докаже нешто“. Но, според него, не е доцна за Лестер Бо Мекејлеб.

„Сакам да го видам Мекелјеб во конечниот списокот, бидејќи има направено многу за националниот тим. Според мене во квалификациите треба да играат помладите, треба да се искористи нивниот талент“, заврши Антиќ.

Селекторот на македонската репрезентација, Јорданчо Давитков првиот собир го закажа за во понеделник. Во првиот квалификациски меч, Македонија и гостува на Словачка на 23 овој месец, додека три дена подоцна на домашен терен ја пречекува Шведска. Ова е првиот дел од квалификациите за ЕП 2021.