АМС најостро го осудува однесувањето на навивачите на мечот Шкендија – Пелистер

Агенцијата за млади и спорт најостро го осуди однесувањето на навивачките групи и поединци, за време на натпреварот меѓу Шкендија и Пелистер.

– Искажуваме безрезервна поддршка на ФФМ за доследно и целосно почитување и спроведување на актите, пропозициите и меѓународните препораки и конвенции за спречување на насилно и недолично однесување на спортските терени, како услов и гаранција за учество на наши екипи и репрезентации во меѓународниот спортски систем, се вели во соопштението на АМС.

Агенцијата апелираше и до сите надлежни тела да го расветлат овој настан кој ги „подгрева етничките тензии на и вон спортските терени“.