Активистите за права на животните реагираат: Новиот директор на Зоолошка нема погалено ниту маче 

Активистите на правата на животните реагираат на одлуката на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов за директор на Зоолошката градина во Скопје да го назначи Ѓорги Галетановски – Чомбе.

Тој е поранешен менаџер на дискотеки, а веќе неколку месеци работи во Зоолошката градина.

Галетановски по наименувањето најави дека градината годинава ќе биде збогатена со нови животни. Во август ќе дојдат слоновите од Белгија, за беше направено ново живеалиште, а во септември ќе дојдат и шимпанза и некои други животни.

Новиот директор, кој доаѓа на местото на Јорданчо Милошевски, вели дека ќе се посвети на подигнувањето на рејтингот на институцијата, за посетителите максимално да уживаат.

Активистите реагираат дека градоначалникот Шилегов не ги исполнува ветувањата кои ги дал за подоборување на третманот кон животните.

„Справување со пијани будали не е исто што и благосостојба на животни, кои ни криви ни должни ги затворивте во таа бедата наречена зоолошка. Па уште и ставате директор кој нема ни една сликичка кај што бар маче гали еј! Со буџетот наменет за реконструкција на Вардариште до кај сме? 2 000 000 мкд беа. Памтиме се што кажавте, ветивте, излажавте и неисполнивте“, пишува една од активистките на својот фесјбук профил.